Македонија за прв пат испиша ваков јубилеј!

Лихтенштајн останува омилената репрезентација против која Македонија сака да игра. Тоа се докажа и вечерва, па нашите најдобри фудбалери без поголеми проблеми со 4:0 победија на гостувањето во Вадуз.

Ова беше 11-ти меч меѓу Македонија и Лихтенштајн, а нашата репрезентација се израдува на јубилејната 10-та победа. Ова е прв пат Македонија да има двоцифрен број на победи против еден ривал.

Против Лихтенштајн уште во 1996 година испишавме еден рекорд кој може уште долги години да не биде срушен. Тогаш Македонија на гостувањето победи со неверојатни 11:1, што е најубедлив триумф на Црвено-жолтите.

- Оглас -

Најнови вести