19.8 C
Skopje
петок, 8 август 2025

Македонија загуби од Бугарија, трофејот „Чајка“ патува кај источниот сосед

Одбојкарската репрезентација на Бугарија е освојувач на 49-тиот Меморијален турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“. Бугарите до трофејот дојдоа откако во последниот меч на турнирот славеа со максимални 3-0 над Македонија, по сетови 25:20, 28:26 и 25:23.

Претходно, бугарските одбојкари ја совладаа и Швајцарија со 3-1, селекција која дојде до втората позиција, откако во првото коло со идентични 3-1 ја победија Македонија, која на крајот го освои третото место.

Учеството на Меморијалот „Чајка“ за нашите одбојкари беше генералка пред клучните квалификациски натпревари против Грција и Грузија за пласман на Европското првенство.

- Оглас -

Најнови вести