1.8 C
Skopje
недела, 28 декември 2025

Македонија загуби од Хрватска во Пореч

Македонската ракометна репрезентација загуби од Хрватска во Пореч со 26:23, во меч кој беше прв подготвителен за двете селекции во пресрет на Европското првенство кое започнува за помалку од 20 дена.

Нашата репрезентација веќе неколку дена е на подготовка во Хрватска, во обид да стигне до вистинската форма за континенталниот собир. Хрватите истотака ги започнаа подготовките, но без своите најдобри ракометари кои уште имаат клупски обврски. И со „втор состав“ Хрватска покажа дека има многу квалитет.

Во почетните 15 минути резултатот беше израмнет (7:7), а Кузманоски со четири погодоци беше најистакнат во овој период. Сепак, во следните пет минути Хрватска постигна три гола по ред и поведе со 10:7 во 20 минута. Македонија ги промаши првите три пенали кои ги изведе (Костески два и еден Кузмановски). До крајот на првото полувреме остана три гола разликата (14:11).

Во второто полувреме нашата селекција постојано беше во обид да ја анулира негативата на противникот. Неколку пати разликата беше само еден гол, последен пат во 58 минута кога беше 24:23. Во следниот напад Хрватите постигнаа гол, нашите промашија зицер, па на крајот резултатот беше 26:23.

Голманот на Хрватите, Дино Славиќ беше одличен на голот и имаше 16 одбрани, а шест гола даде Љевар.  Во составот на Македонија најистакнати беа капитенот Кузмановски со седум голови, како и голманот Митревски кој имаше 12 одбрани.

- Оглас -

Најнови вести