Македонија загуби од Република Ирска, сега ќе чека пораз на Полска

Младата македонска фудбалска репрезентација за играчи до 17 години претрпе пораз од Република Ирска и сега мора да ја победи Андора во последното коло и да се надева на неуспех на Полска против Ирците.

Во второто коло од претквалификациската група за пласман на ЕП, избраниците на Тони Јакимовски примија по еден гол во двете полувремиња од домаќинот на турнирот и го загубија првиот меч, по ремито без голови со Полјаците.

Вечерва Република Ирска беше подобра, а Роко Вата погоди во 31. минута за предност од 1:0. И во второто полувреме примивме гол, а стрелец беше Марк О`Махони во 73. минута, па првиот пораз на Македонија беше неизбежен.

Сега ни останува да ја победиме Андора со два, или повеќе голови разлика на 13. октомври и да се надеваме дека Ирците ќе ја победат Полска со 2, или повеќе голови за да бидеме втори и да продолжиме во квалификациите за настап на ЕП.

И третото место може да ни значи пласман понатаму, но теба да бидеме, подобри од останатите селекции во претквалификциските групи.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести