Македонија задоцни со финишот за А-Дивизија – Чешка победи со 89:80

Македонските кошаркарски јуниори задоцнија со финишот и не успеаја да ја победат Чешка во клучниот меч за пласман во А Дивизијата на Европското првенство за играчи до 18 години.

Загубивме со 89:80, а голема шанса да се вратиме комплетно во мечот за трето место и за пласман во елитата пропуштивме во последната минута при негатива од четири поени, кога Лука Савичевиќ промаши тројка.

Потоа следеа пет поени на Чесите, кои беа за нијанса подобри и со Полска и Израел се селат во повисок ранг на натпревари.

Македонија лошо го почна мечот, а ривалот поведе со 28:21 по десет минути игра. Избраниците на Тони Симиќ не се предадоа, се бореа како лавови и возвратија во втората четвртина, која ја добија со 28:17, за предност на полувремето од 49:45.

Клучен за поразот и за збогување со шансите да се преселиме во највисок ранг на натпревари беше третиот период. Се разиграа Михал Стојановски и Матеј Бурда кај Чесите и за час направија позитива од 7 поени разлика, добивајќи го претпоследниот период до 30:18.

Во финалниот период се водеше рововска битка, Македонија намали на 80:84, промашивме и тројка, па со пораз го завршивме настапот.

Марко Миловановиќ беше најефикасен со 24 поени, Савичевиќ даде 19, а Јакимовски 17. Кај Чесите Стојановски беше прв стрелец со 27 поени, а одлично одигра и Бурда со 21 поен.

- Оглас -

Најнови вести