9.8 C
Skopje
понеделник, 26 јануари 2026

Македонска Каменица ја доби организацијата на женскиот кошаркарски Куп на Македонија

Женскиот кошаркарски клуб Баскет кам од Македонска Каменица ја доби организацијата на финалниот турнир „Благоја Георгиевски-Буштур“ во женска конкуренција.

Раководството на актуелниот шампион пројави интерес за организација на Националниот кошаркарски куп, ги исполни условите поставени од јавниот повик за организација на финалниот турнир.

Согласно договореното, четирите најдобри екипи во женска конкуренција, Крива Паланка, Бадел 1862, МЗТ бела вода и Баскет Кам, ќе бидат на едно место, во Македонска Каменица на 21 и на 22 февруари, и ќе одлучат кој ќе биде носител на пехарот во ова натпреварување за натпреварувачката сезона 2025/2026.

Натпреварите ќе се играат во салата „Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица, а согласно распоредот, во полуфиналето, кое се игра на 21 февруари (сабота), ќе се сретнат екипите на Баскет Кам и МЗТ Бела вода, односно Крива Паланка и Бадел 1862.

Победниците од двете полуфинални средби ќе играат во големото финале, кое е предвидено да се игра на 22 февруари.

- Оглас -

Најнови вести