Првата Македонска фудбалска лига продолжува денес со четири натпревари од 28-то коло, кое беше отворено вчера со победата на Шкендија во Штип, против Брегалница со 0-1.
Најголеми возбудувања се очекуваат на скопска Автокоманда, за што говорат и квотите во Sport Life. Во директен дуел за избегнување на бараж-натпреварот за опстанок во лигата се среќаваат Скопје и Академија Пандев. Струмичани се фаворити со квота од 1.98, додека победата на домашните е вреднувана со квота 3.60. Нрешениот резултат, кој би им одговарал на гостите од Струмица носи квота од рамно 3.
На останатите натпревари една од екипите е изразит фаворит според квотите. Така се очекува сигурни победи на Работнички и Шкупи, на гостувањата кај Победа, односно Тиквеш. Екипата од Прилеп полека но сигурно ги губи надежите за опстанок во лигата, додека Тиквеш има обезбеден опстанок, но е далеку од местата кои водат во Европа, па се очекува екипата од Кавадарци да има мирен финиш на првенството. На спортивната страна, екипата на Шкупи со квота од 1.46 е апсолутен фаворит, со оглед на тоа дека води голема борба за шампионската титула со Струга Трим Љум и Шкендија.
На последниот натпревар од ова коло, Силекс како голем фаворит влегува во дуелот со Македонија ЃП со квота од 1.43. Ваквата поставеност е изненадувачка, со оглед на тоа дека екипата од скопската населба Ѓорче Петров обезбеди финале во Купот на Македонија откако ја елиминира Шкендија во Тетово, а во последно време игра одличен фудбал и во домашното првенство. Овој натпревар може да одлучува и за четвртата позиција на табелата, која евентуално може да носи и пласман во фудбалска Европа, но сето тоа ќе зависи и од исходот на финалниот натпревар од најмасовното фудбалско натпреварување кај нас. Доколку се одлучите да одиграте на “изненадување“ на Македонија ЃП, тогаш квотата е неверојатно висока, дури 7.