Интересен меч за многу важни бодови во битката за опстанок денеска од 14.30 часот во Боговиње ќе играат фенерџијата во Втората лига Запад, ФК Лабуништа 2011 Тетово и Кадино, а тие се единствените две екипи што во досегашните 7 кола немаат одиграно нерешено.
По фузијата меѓу Лабуништа и ФК Тетекс, клубот што функционира со ново име тргна лошо во новата сезона во второлигашката конкуренција и со шест порази и само една победа е на последното место.
Кадино игра нешто подобро, иако има негативен биланс од три победи и четири порази, па со 9 бода е на шестото место во конкуренција на 10 екипи.
Интересно е што само овие две екипи не одиграле нерешено досега во Западната конкуренција,а „нулата“ во Sport Life е со одличен коефициент, 3.45.
Мечот се игра во 14.30 часот, а во понудата на Sport Life има над 520 различни игри, само за овој меч, што е шанса за добитна комбинација за добрите познавачи на состојбите во мак-фудбалот.