Македонската десетка повторно во дресот на Задар

Македонскиот репрезентативец Адем Мекиќ, „добриот дух“ на соблекувалната на Задар во освојувањето на две шампионски титули, во 2023 и 2024 година, повторно е играч на Задар! Вака клубот од хрватското приморје се пофали дека повторно го ангажирал Мекиќ.

Откако го напушти Задар, 30-годишниот Мекиќ два месеца играше во ТФТ, по што се пресели во косовскиот тим Бора, каде што беше еден од најдобрите играчи. Исто така, тој е стандарден во репрезентацијата на Македонија. Неодамна го раскина договорот со косовската екипа и премина во Задар како слободен агент.

Мекиќ добро го познава тимот, веќе играл со Рамљак, Жганец, Мазалин и Кларица, и нема сомнение дека брзо ќе се вклопи во системот на тренерот Даниел Јусуп, во којшто играше во тоа време. Договорот му е до крајот на тековната сезона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести