15.8 C
Skopje
петок, 1 август 2025

Македонската дијаспора заедно со „Комити“ и навивачите на Шалке ќе го бодрат Вардар

Фудбалерите на актуелниот освојувач на Купот на Македонија, Вардар, ќе имаат голема поддршка од трибините на стадионот „Ле тулие“ во Лозана. Секако, навивачката група „Комити“ ќе биде присутна на трибините, но кон Лозана се упатија и многу Македонци од дијаспората, од Швајцарија, Германија, Италија…

Според најавите, вечерва во Лозана ќе бидат присутни и навивачите на Шалке од Гелзенкирхен, кои се збратимени со „Комити“ и ја користат секоја прилика да му дадат поддршка на Вардар и да навиваат заедно со навивачите на Црвено-црните.

Исполнети се сите услови за добар фудбал и пласман на Вардар во следната фаза од Конференциската лига.

- Оглас -

Најнови вести