Од вчера во Прага ечат македонски песни: Бисер Балкански е хит каде и да игра Македонија (Видео)

Нешто повеќе од 1.000 македонски навивачи се очекува да има денеска попладне на стадионот на Спарта во Прага, каде Македонија ќе гостува на Украина, во меч од квалификациите за пласман на Европското првенство кое следната година ќе се игра во Германија.

Најголем дел од македонските навивачи веќе се пристигнати во Прага и уште вчера направија феноменална атмосфера во локалите во кои се „загреваа“. Македонскиот безвременски хит „Бисер Балкански“ ечеше, а меѓу оние кои пееја беше и еден од најдобрите македонски пејачи Наум Петрески.

Според планот за денеска, уште од рано наутро ќе започне загревањето за еден од клучните дуели во овие квалификации. Македонската фаланга, собирот ќе започне уште во 10 часот наутро, а Фан Зона на Македонската Фаланга, ќе биде местото “Zahradní restaurace Letenský. Тоа е ресторан кој се наоѓа во непосредна близина на стадионот на кој ќе игра нашата селекција.

- Оглас -

Најнови вести