Македонската лавица го победи ракот, Снеже ќе се реактивира покрај терените (Фото)

Македонската кошаркарка Снеже Серафимоска, која е член на тимот Војвотки на универзитетот во Питсбург, е вистинска спортска хероина и успеа да го победи ракот на јајниците во животната битка, која за среќа успеа да ја добие.

На 20 мај, односно пред повеќе од еден месец, 22-годишната Снеже доби прекрасни вести од медицинскиот тим дека веќе нема знаци на рак на јајниците, односно дека ја победи тешката болест.

„Искрено бев преплашена и си велев ќе умрам. Но, кога ми објаснија дека има надеж со опреација, со хемотерапија и со било што што е потребно за да победам во животната битка со ракот веднаш си реков дека ќе се вратам. Ова можам да го победам“, вели Снеже.

Имаше огромна поддршка од сите страни, откако и активно се вклучи со својата приказна на социјалните мрежи и е вистинска хероина што го сподели своето искуство и им дава надеж на болните од рак.

По 100 дена хемотерапија, македонската Лавица ја доби прекрасната вест дека веќе нема трага од рак на јајниците и дека е победник во најтешката битка досега.

Поради тешка повреда на колкот од претходно, гостиварчанката засега не е во можност да се реактивира на терените, но Серафимоска за идната сезона доби поинаква улога и ќе биде помошник тренер на колеџ тимот на Дукејн. Во меѓувреме дипломираше на смерот Бизнис и администрација при универзитетот во Питсбург.

 

- Оглас -

Најнови вести