Македонската ракометна репрезентација се изнадава голови на првата контрола

Машката ракометна репрезентација на Македонија синоќа во Стара Пазова го одигра првиот од трите контролни тренинг-натпревари од подготовките во Србија за настап на Светското првенство во јануари.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров одиграа меч со српскиот тим Нови Београд, кој беше во улога на спаринг-партнер и покажаа завидна ефикасност. Се играа три полувремиња од по 30 минути и македонскиот национален тим постигна дури 85 гола. Ако се сметаат само првите 60 минути, колку што трае еден ракометен меч, Македонија победила со 55-28.

Утре Македонија ќе одигра контрола со Динамо Панчево, тим кој во моментов е третопласиран во српската Суперлига и тоа ќе биде многу посериозен тест. Третиот предновогодишен пријателски меч во Стара Пазова ќе биде со репрезентацијата на Саудиска Арабија.

- Оглас -

Најнови вести