Стефан Ристовски со порака: Македонската репрезентација да биде како убавата приказна од прославената детска серија

Горан Пандев утре како капитен ќе истрча прв на теренот и по 114-ти пат ќе заигра за македонската репрезентација. Поминаа речиси 20 години откако Пандев првпат заигра во националниот дрес, а покрај него, во овој период продефилираа голем број фудбалери.

Во изминативе неколку години се појавија млади момци кои дадоа „свежа крв“ и дополнителна сила за остварување на сонот, а тоа е пласман на едно големо натпреварување. Европското првенство ни е на дофат, потребно е само победа против Грузија и Македонија и ќе биде дел од фудбалската мапа на најдобрите селекции на континентот.

Пандев како вистински капитен секогаш е предводник на теренот, а сите околу него даваат дополнителна сила да се стигне до историскиот успех. Едноставно, македонската фудбалска приказна во изминативе неколку години е како приказната од прославената детска серија „Нинџа желки“. Искусниот Пандев е вистински предводник на помладите Ристовски, Велковски, Муслиу, Алиоски, Николов, Елмас, Адеми, Трајковски, Несторовски…

Токму таква фотографија испрати Стефан Ристовски на својот инстаграм-профил.

Нека биде среќен крај на едни квалификации и да биде ова приказна за тоа како Пандев и помладите успеаа да стигнат до Европско првенство! Пандев и сите останати дефинитивно заслужуваат да бидат дел од континенталниот собир.

 

- Оглас -

Најнови вести