Македонската репрезентација ја чека важна ждрепка и на 16 декември

Љубителите на фудбалот и воопшто спортот кај нас со нетрпение ја очекуваат ждрепката за мундијалскиот бараж, на 26 ноември ќе дознаеме кој ќе ѝ биде противник на Македонија за пласман на Светското првенство во Катар, а и во средината на декември има важна ждрепка за националниот тим.

На 16 декември во швајцарското место Монро на Женевското езеро, Македонија ќе ги дознае своите противници за третото издание на Лигата на нациите. На таа ждрепка, нашата селекција ќе биде во вториот шешир во Лига Ц, заедно со Грција, Белорусија и Луксембург, што значи дека нема да играме против нив. Во првиот шешир, како наши најопасни можни противници се Турција, Словачка, Бугарија и Северна Ирска, четири тимови кои испаднаа од Лига Б во Лига Ц.

Незгоден може да биде и противникот од третиот шешир, каде што може да се паднеме со Литванија, Грузија, Азербејџан или Косово.

Мечевите од групната фаза ќе се играат во јуни и септември 2022, а плејоф-завршницата во јуни 2023 година.

- Оглас -

Најнови вести