Македонската фудбалска репрезентација денеска ги стартува подготовките за можеби најважниот натпревар во квалификациите за пласман на Европско првенство 2024 година, и тоа против Украина. Дуелот ќе се игра на неутрален терен во Прага на 14 овој месец.
Македонија и Украина имаат по седум бодови и имаат свои калкулации дека може да стигнат до позиција која ќе ги однесе на завршницата на континенталниот собир. Избраниците на селекторот Благоја Милевски денеска се комплетираат во базата во Скопје со оптимизам дека може да продолжи позитивната серија започната од минатиот месец, кога одигравме 1:1 против Италија и со 2:0 ја победивме Малта.
За тоа каква е атмосферата во македонскиот табор може да видите ТУКА.
Додека нашите се комплетираат, Украинците веќе се во Прага, а денеска го одржаа и првиот тренинг на стадионот на којшто ќе бидат домаќини против Македонија.