Фудбалскиот клуб Вардар објави дека е постигнат договор со регионалната спортска телевизија Спорт Клуб, која во иднина ќе ги пренесува домашните натпревари на Црвено-црните.
„Оваа соработка претставува одлична можност најтрофејниот македонски фудбалски клуб повторно да биде достапен за сите навивачи, приврзаници и љубители на фудбалот и Вардар во државата, регионот и пошироко“, велат од Вардар.
Ова е втор ваков договор на македонски клуб, откако Академија Пандев потпиша договор со истата телевизија.