Освојувачот на Купот на Македонија, тимот на ТФТ Скопје, ќе се сретне против Кемниц најнерс во првата рунда од квалификациите во Лигата на шампионите на ФИБА, каде што како асистент работи Ѓорѓи Кочов, екстренерот на МЗТ.
Двете екипи дебитираат на европската сцена, а победникот од овој двобој ќе се сретне со швајцарскиот тим Фрибург. Доколку екипата од Тафталиџе стигне до третата рунда, ќе игра против еден од Тофаш, Волунтари или Лестер.
Еден дуел се игра на 21 септември, па ако ТФТ слави веќе на 23 септември, ќе се сретне со Фрибург.