Вардар и Струга Трим Лум попладнево ќе одиграат лигашки меч кој ќе им биде генерална проба пред финалето на Купот кое е закажан за 21 мај.
Црвено-црните имаат долга низа од 14 меча по ред без пораз, а таа триумфална серија почна токму против Струга во февруари, кога вардарци славеа крај езерото со 2-0. Денешниот меч се игра на тренинг-центарот на ФФМ, додека за две недели финалето на Купот ќе биде на Националната арена.
Според квотите во Sport Life, поблиску до победата е Вардар, кој веќе не треба да стравува за својот прволигашки статус. Стружани имаат три ремија по ред и фиксирани се на четвртото место на табелата.
Денеска се игра коло и во Втората лига, а може да се обложите на мечот Вардар Неготино – Македонија Ѓорче Петров. Фаворити за победа се Лавовите од Ѓорче кои се лидери на табелата и со победа би дошле на чекор од враќање во прволигашкото друштво.