Македонски фудбалер на проба во Партизан

Крилниот македонски фудбалер, Димитар Митровски, би можел да прејде во редовите на белградски Партизан и таму да го продолжи својот развој. Митровски кој има 22 години, слободен играч е, а деновиве е на проба во Белград, и ќе се обиде да се наметне кај тренерот Александар Станојевиќ.

Некогашниот младински репрезентативец на Македонија, три години беше во Б тимот на Спортинг Лисабон, а матичен клуб му е Работнички. Според српските медиуми, најголем проблем на Димитар е што во моментов физички не е во топ форма поради немањето натпреварувачки ритам, а Партизан ќе игра и во српската Суперлига и во Конференциската лига на УЕФА.

- Оглас -

Најнови вести