Македонскиот фудбалер Влатко Дробаров претпочитал да се врати во Черно море од Варна, иако имал финансиски подобра понуда да замине во клуб од Кина.
Дробаров кој има и бугарски пасош, за Морнарите играше и во периодот од 2020 до 2022 година. В недела Черно море гостува кај првакот Лудогорец, но неизвесно е дали Дробаров ќе игра, бидејќи во моментов не бил во оптимална физичка состојба и ќе му треба време да влезе во потребната форма.