36.8 C
Skopje
среда, 13 август 2025

Македонски младински репрезентативец потпиша за Осијек

Младиот фудбалски талент Адмир Љатифи ќе ја продолжи кариерата во редовите на хрватскиот прволигаш Осијек.

Иако има само 18 години, Љатифи веќе зад себе брои 41 настап во Првата македонска фудбалска лига, настапувајќи за Беса и Македонија Ѓорче Петров. Се истакнува како крилен играч, но може да игра и како офанзивен играч за врска. Своите први фудбалски чекори ги направи во академијата на Њу Старс, а меѓу Лавовите од Ѓорче Петров пристигна во 2022 година.

По распадот на Беса, тој ја прифати понудата од Осијек и ќе има можност да се докаже на меѓународна сцена. Останува да се види дали веднаш ќе добие шанса во првиот тим или ќе започне во младинскиот состав за да стекне искуство.

Љатифи е дел од македонската репрезентација до 19 години и важи за еден од перспективните играчи на својата генерација.

- Оглас -

Најнови вести