Македонски ракометни воини со „Послушајте патриоти“ во атак на ЕП (Видео)

Мотивацијата никогаш не недостасува кога се работи за ракометната репрезентација на Македонија. По седми пат нашите најдобри ракометари денеска ќе го започнат походот на континенталниот собир.

Прв противник е Словенија, добро познат ривал. Најавите се дека Словенците се големи фаворити за победа, но нашите ракометни воини никако нема предвреме да се предадат.

На еден од последните тренинзи, додека ракометарите прават склекови, во заднина ечи една од најубавите македонски песни „Послушајте патриоти“.

- Оглас -

Најнови вести