Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ти Џеј Шортс е избран за најкорисен играч (МВП) на првиот дел од сезоната во Евролигата, најпрестижното европско кошаркарско натпреварување.
Американецот со македонски пасош освои 61,5% од гласовите, оставајќи ги зад себе најголемите конкуренти, Кендрик Нан од Панатинаикос и Александар Саша Везенков од Олимпијакос.
Шортс блеска во дресот на Париз Баскет, каде што сезонава бележи фантастични игри и има просек од 19,3 поени, 2,6 скока, 7,9 асистенции и 1,1 украдена топка по натпревар.
По шеснаесет одиграни кола, Парис Баскет е на врвот на табелата во Евролигата, а во следниот натпревар ќе се соочи со Басконија.