Истанбулспор со победата од 4-2 на гостувањето кај Ерзурум, стекна убава предност пред реваншот на свој терен од полуфиналето во плејофот за влез во турската Суперлига. Реваншот се игра в недела, на 29-ти мај.
Еден од јунаците во победата на тимот од Истанбул беше Ваљон Етеми, кој асистираше за 1-0, а даде гол за водство од 3-0. Две минути подоцна тој излезе од игра, па домашните малку го ублажија поразот.
Добрата форма на Етеми е добра вест и за македонската репрезентација, бидејќи Етеми се наоѓа на листата на напаѓачи на Благоја Милевски за претстојните јунски мечеви на Македонија во Лигата на нации.