Македонски репрезентативец направи трансфер од соништата, ќе игра во Бундес лигата (Фото)

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Агон Елези, направи одличен трансфер и во иднина ќе настапува во германската Бундес лига, за екипата на Бохум. Фудбалерот кој има девет настапи за Македонија, изминатите 3.5 сезони играше за Вараждин од Хрватска и со своите настапи го привлече вниманието на селекторот Благоја Милевски, а сега и на бундеслигашот.

Трансферот на Елези е одличен и за репрезентацијата на Македонија, бидејќи добиваме и втор фудбалер кој настапува во една од најквалитетните светски лиги, после Елиф Елмас, која исто така зимава се пресели во Лајпциг.

Детали од трансферот на Елези од Вараждин во Бохум не се откриваат, односно не е познато колку добиле хрватите од овој трансфер, но се знае дека 22-годишниот фудбалер во Бохум ќе остане до летото 2027-мата година.

Бохум во моментов е на 14-тата позиција во Бундес лигата, но има доволно бодови за да не стравува за опастанокот во најквалитетната германска лига.

https://twitter.com/VfLBochum1848eV/status/1752442105153151041

https://twitter.com/VfLBochum1848eV/status/1752443639588909143

- Оглас -

Најнови вести