Македонскиот фудбалски репрезентативец Ердал Ракип потпиша две и пол годишен договор со турскиот клуб Анталијаспор.
Ракип, кој е роден во Шведска, досега во кариерата имаше играно за Малме, па преселбата во турската Суперлига му е нов предизвик во кариерата.
Во Анталија, Ракип ќе го носи дресот со бројот 6.
„Верувам дека ќе имам успешен период од најмалку 2,5 години според моите планови. Имав одлично чувство од денот кога пристигнав. Подготвен сум да придонесам за мојот нов тим, кој мислам дека треба да биде подобро пласиран на табелата. Со мене и со другите засилувања, сигурно ќе ја оствариме целта“, рече Ракип.
Ракип веќе тренираше со својот нов клуб, кој утре има тешко гостување кај Галатасарај.