Езекиел Лавеци и неговата девојка и модел Наталија Борхес добиле закани дека треба да платат по 5 илјади евра за секој материјал што им бил украден, а се работи за експлицитни видеа и аудиоразговори.
Аргентинскиот ас одлучил да ги одбие заканите и да плати пари и го пријавил случајот во полиција. Моментно со Борхес се на одмор на Карипските Острови, а полицијата и двајца истражители од Буенос Аирес веќе работат на случајот за откривање на уценувачите.
Ова не е прв ваков случај кога е во прашање Лавеци, а слично нешто му се случуваше и во 2014 година. И тогаш имаше слични закани дека ќе бидат објавени експлицитни фотографии од неговиот љубовен живот со тогашната сопатничка Јанина Скрепанте, но полицијата успешно го реши случајот со уцена на поранешниот фудбалер на Естудијантес, Сан Лоренцо, Наполи, ПСЖ и Хебеј.