Дуелот од грчката Суперлига помеѓу солунски Арис и атински Панатинаикос кој се игра попладнево со почеток во 18.30 часот, ќе го суди македонска судиска тројка.
Главен судија ќе биде Александар Ставрев, а ќе му помагаат Дејан Костадинов и Гоце Петрески.
Кај нашиот јужен сосед, пракса е некои од дербијата од висок ризик да ги судат странски судии, па овојпат грчката фудбалска федерација го покани Ставрев да дели правда во Солун на меч на кој ПАО е фаворит, бидејќи е тим кој се бори за титула.