34.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

Македонски талент победи на првиот меч на турнирот на Академијата Рафаел Надал

Младиот македонски тенисер Андреј Темов со победа го почна турнирот за играчи до 12 години во Мајорка на Академијата на Рафаел Надал. На турнирот учествуваат 32-ца талентирани тенисери, а Темов врз основа на резултатите добил покана од организаторот и од Tennis Europe да биде дел од тенискиот фестивал.

Темов во првиот меч од групата Е го совлада Марк Марко Хуан од Шпанија со 6-1, 6-4.

Во второто коло од групата, Темов за противник го има Лука Митровиќ од Хрватска, додека последен противник во групата ќе му биде Лука Сагедер од Австрија. Во вториот меч од групата од првото коло Сагедер го совлада Митровиќ со 2-0 во сетови.

Победникот од групата ќе ги продолжи натпреварите во четвртфиналето. Темов е пријавен за настап и во двојки, а заедно со него во Мајорка е и неговиот тренер Владимир Чубриноски.

- Оглас -

Најнови вести