Македонски циркуз: Нема носилки, нема проблем, тука е „Херкул“ (Видео)

Дуелот меѓу Борец и Шкендија одигран во Велес се пренесуваше и на регионалната спортска телевизија, па не само во Македонија, туку и во поранешна Југославија можеа да го видат „квалитетот и професионалноста“ во нашата Прва лига.

На почетокот на второто полувреме се повреди еден фудбалер на Борец и мораше да интервенира докторот. Повредата беше посериозна, па фудбалерот мораше да излезе од игра, но тука се случи нешто неочекувано.

Наместо традиционалните носилки кои се користат за да се изнесе повредениот играч (за мини-амбулантно возило кое ги изнесува фудбалерите може да сонуваме н.з.), докторот без многу довоумење го зеде повредениот фудбалер во раце и го изнесе од теренот.

https://twitter.com/i/status/1495044810188759047

- Оглас -

Најнови вести