14.8 C
Skopje
петок, 10 октомври 2025

Македонскиот бункер издржа во првото полувреме во Гент

Македонија одолеа на нападите на Белгија во првото полувреме и игра 0:0 по 45 минути, на мечот кој се игра во Гент, во рамките од квалификациите за пласман на Светско првенство 2026 година. Ова е резултат кој одговара на Македонија и евентуално еден освоен бод на крајот ќе значи дека Македонија ќе остане на првото место во групата.

Белгија целосно доминираше во првото полувреме. Домаќините постојано напаѓаа, а за Македонија не остана ништо друго освен да се брани. Во некои ситуации, Македонија со сите 11 играчи беше во својот шеснаесетник, но тоа беше одлично и ѕвездите на Белгија не можеа да го пробијат македонскиот бункер.

Статистиката по првото полувреме покажува дека Белгија имала 81 отсто посед на топка, домаќините упатија дури 11 шутеви кон голот на Столе Димитриевски, но ниту еден во рамките на голот. Белгија изведе и пет корнери.

- Оглас -

Најнови вести