Македонскиот дрес му донесе среќа, Модриќ 39-тиот роденден го прослави со голчиште (Видео)

Легендата на хрватскиот и светскиот фудбал, Лука Модриќ, денеска го прославува својот 39-ти роденден, а синоќа на два часа пред роденденот, постигна прекрасен гол од слободен удар со кој на Хрватите им донесе победа против Полска во Лигата на нации.

Голот погледнете го ТУКА.

После мечот, Модриќ рече дека ќе игра за репрезентацијата додека мисли дека треба да игра, и нема да чека да не го викаат, туку сам ќе се повлече кога ќе мисли дека е доста.

„Многу важни три бода, моравме да победиме за самодоверба затоа што имавме четири натпревари во низа без победа и победата ни беше многу потребна. Среќен сум што конечно по подолго време постигнав гол од слободен удар. Погодив и против Словачка, но со помош на противникот и ова е мојот прв директен гол, ако не се лажам, од Динамо! Голот беше убав, но најважна е нашата игра и борбеност“, рече Модриќ.  

Лука сега има 180 настапи за Хрватска, од активните играчи повеќе од него имаат само Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

Горд сум и среќен што ја достигнав таа бројка. Не ни сонував дека толку долго ќе бидам во репрезентацијата. Среќен сум што се уште можам да помогнам. Додека уживам и играм вака ќе бидам во тимот, ако не, нема да има потреба никој да ми каже, сам ќе си одам“, изјави Модриќ кој за роденденот си посака здравје.

Завчера Модриќ од нашиот навивач Горан Кипријановски-Кипре доби подарок дрес од македонската фудбалска репрезентација со неговото презиме на грбот, и можеби тоа му донесе среќа по подолго време да постигне гол од слободен удар.

- Оглас -

Најнови вести