Стефан Спировски постигна фантастичен гол со удар од над 30 метри на пријателскиот меч меѓу Докса и АЕК Ларнака, а бомбата што ја упати со десната нога заврши во аголот на голот што го бранеше Дамјан Шишковски.
Македонскиот предизвик на пријателскиот меч донесе голчиште што не се гледа често, а го режираше нашиот репрезентативец.
За АЕК Ларнака играат и капитенот на тимот и најдобар клупски стрелец Иван Тричковски и стоперот Даниел Мојсов, а во таборот на Докса, покрај голманот Шишковски, игра и неговиот некогашен соиграч од Работнички, Душко Трајчевски.