Македонскиот фудбал доби нов рекордер откако Фисник Алиу стана најмладиот дебитант во историјата. Младиот дефанзивец, кој е дел од Фортуна Синѓелиќ, настапи на меч во Третата лига – Север токму на својот 16-ти роденден, на 8 март.
Алиу го облече дресот на својот клуб во натпреварот против Беса од Слупчане, со што го урна претходниот рекорд на Дашмир Елези, напаѓачот на Шкендија.
Елези дебитираше за тетовската Шкендија во Првата македонска фудбалска лига на 16 години и еден ден.