Шкендија доживеа безболен пораз на гостувањето кај АЕК Ларнака (1-0), но обезбеди пласман во 1/16-финалето од Конференциската лига, а тоа значи дека и Македонија доби нови рејтинг-бодови.
УЕФА ги наградува екипите со 0.124 поени за секое освоено место над 24-тото, па Шкендија на своето конто запиша уште 0.372 поени, па кога ова ќе се подели на четири, колку што имаше Македонија претставници во Европа оваа сезона, значи дека рејтингот пораснал за 0.093 поени.
Овие бодови донесоа и нов напредок за Македонија на клупската рејтинг листа, па макфудбалот сега е на 45-тото место во Европа откако ја минавме Литванија.
Најблиску пред нас на ранг-листата сега е Албанија, со предност од 0.366 поени, па за да ја минеме, ќе биде потребно Шкендија да победи барем еднаш во 1/16-финалето, каде што за противник ќе ги има полскиот Лех или турскиот Самсунспор.


