Македонскиот фудбал незапирливо тоне: Уште не е дојден август, а нема ниеден наш клуб во Европа!

Македонскиот првак Струга Трим Лум вчера загуби со 3:1 на гостувањето во Ереван од Пјуник и тој пораз значеше и елиминација од Конференциската лига на УЕФА. Струга ТЛ започна во квалификациите од Лигата на шампиони, каде во двомечот против Слован Братислава два пати загуби и тоа со 2:4 на гости и 1:2 дома.

По елиминацијата од Слован Братислава, Струга ТЛ продолжи во квалификациите за Конференциската лига. Во првиот меч против Пјуник, Струга пред своите навивачи победи со 2:1, но вчера загуби со 3:1 и затоа е елиминиран.

Елиминации и тоа од првите противници доживеаа и Куп шампионот Тиквеш, како и тетовска Шкендија. Тиквеш дома со 3:2 го победи Бреидаблик, но потоа на гости загуби со 3:1 и е елиминиран од Конференциксата лига. Бреидаблик вчера ги заврши натпреварите во Европа откако налета на косовска Дрита и загуби во двата меча (2:1 дома и 1:0 на гости). Двете победи на Дрита се само доказ дека Бреидаблик не бил и некој ривал од кој требало да се плашат кавадарчани.

Шкендија загуби во двата меча од Ноах и тоа 2:0 на гости и 2:1 пред своите навивачи.

Трите македонски екипи летово одиграа вкупно осум меча во Европа и билансот е две победи и дури шест порази. Колку за споредба, Косово има две екипи кои синоќа продолжија со настапи во европските купови а тоа се Дрита и Балкани, што секако е успех кој делува неверојатно далечен за македонски екипи.

- Оглас -

Најнови вести