32.8 C
Skopje
среда, 10 септември 2025

Македонскиот шампион во футсал остана без Лига на шампиони

Македонскиот првак во футсал, екипата на КМФ Проект, вечерва во Гевгелија го загуби клучниот натпревар во битката за место во Лигата на шампионите и нема да биде дел од европската елита во фудбал во сала.

КМФ Проект беше поразен од Луксол Сент Ендрјус од Малта со 0-5, па Малтежаните го освоија првото место во групата, во која беа и два послаби тима од Израел и Велс, кои нашиот клуб ги надигра убедливо. Луксол првото полувреме го доби со 3-0 и ја најави победата, а Проект тргна во напади, ризикуваше повеќе, но не успеа ниту во вториот дел да постигне почесен гол.

- Оглас -

Најнови вести