34.8 C
Skopje
сабота, 2 август 2025

Македонскиот клупски фудбал останува меѓу петте најслаби во Европа

По комплетирање на второто квалификациско коло од европските натпреварувања, само екипата на Шкендија остана македонски преставик на континенталната сцена. Македонскиот првак ги елиминираше ТНС и ФЦСБ, па ќе игра во третото квалификациско коло од Лига на шампиони. Шкендија сигурно има обезбеден место во групна фаза од европските натпреварувања (минимум во Конференциската лига), што значи дека и цела есен ќе игра во Европа.

Вардар не успеа да го елиминира предизвикот наречен Лозана, откако по победата со 2:1 во Скопје, на реваншот загуби убедливо со 5:0. Во првото коло од квалификациите настапите ги завршија Работнички и Силекс.

По сите овие резултати, УЕФА направи ново рангирање на клупскиот фудбал, каде Македонија останува на 51 место од 55 земји. Оваа очајна позиција на Македонија е поради катастрофалните резултати на нашите екипи во Европа во претходните неколку сезони, кога коефициентот падна на самото дно и сега е многу тешко да се изгради статусот на земја со солиден клупски фудбал.

Зад Македонија на рангирањето се само Сан Марино, Гибралтар, Велс и Грузија, а интересно е дека далеку пред нас се Босна и Херцеговина (37 место), Косово (38), Фарски острови (40), Лихтенштајн (41), Малта (42), Андора (47)…

Од сите 55 европски земји, само Велс, Грузија, Црна Гора и Андора останаа без ниту еден преставник, додека со по еден тим освен Македонија се и Сан Марино, Гибралтар, Луксембург, Белорусија, Естонија, Литванија, Лихтенштајн, БиХ и Финска.

- Оглас -

Најнови вести