10.8 C
Skopje
вторник, 4 ноември 2025

Македонскиот младински првак Работнички загуби со 5:0 од Шелбурн

Младинскиот фудбалски првак на Македонија, тимот на Работнички за играчи до 19 години беше убедливо поразен на гостувањето во Ирска од Шелбурн. Ова беше прв настап за младинците на Работнички во едно вакво натпреварување и не се прославија.

Малку повеќе од половина час Работнички даваше отпор и држеше 0:0, кога Семи донесе водство за Шелбурн од 1:0 на полувреме. Овој резултат од минимално водство за Шелбурн беше до 69-тата минута, а потоа се случи потпоп во играта на Работнички.

Шелбурн до крајот на мечот постигна четири погодоци и стигна до убедлива победа пред реваншот кој е закажан за 1 октомври во Скопје.

Колку за споредба, Шелбурн не е тим од елитниот ранг, па затоа разочарувањето кај Романтичарите е поголемо бидејќи не можеа да ѝ парираат на оваа екипа, а не да добијат некој клуб од врвниот младински фудбал.

- Оглас -

Најнови вести