9.8 C
Skopje
четврток, 5 февруари 2026

Македонскиот олимписки тим стигна во Милано, одредени знаменосците

Македонската олимписка делегација со четири натпреварувачи, шест официјални лица, предводени од Цветанка Макаровски како шеф на делегацијата, попладнево пристигна во Милано.

Церемонијата на отворањето на Олимписките игри во Милано-Кортина ќе се одржи утре од 20 часот на стадионот „Сан Сиро“ во Милано, а истовремено, церемонии и паради на спортисти што ќе се одржат низ северна Италија и на олимписките објекти во Предацо, Ливињо и Кортина д’Ампецо.

Знаменосци на овие Олимписки игри ќе бидат Јана Атанасовска во Кортина и Ставре Јада во Предацо.

- Оглас -

Најнови вести