Македонскиот првак Шкупи доби посакуван противник во квалификациите за ЛШ!

Шкупи доби посакуван противник во Линколн ред импс, тимот од Гибралтар, по денешната ждрепка за првото квалификациско коло во Лигата на шампионите.

Македонскиот шампион ќе биде домаќин во првиот натпревар од овој двомеч на 5 или 6 јули, додека возвратниот натпревар ќе се игра седум дена подоцна.

Избраниците на Гоце Седлоски ќе бидат фаворити во овој двомеч и големи се шансите да напредуваат во следната фаза од квалификациите.

Шериф Тираспол на Бобан Николов ќе ги одмери силите со босанскиот првак Зрињски.

Парови:

Пјуник – Клуж

Марибор – Шахтар Солигорск

Лудогорец – Сутјеска

Дуделанж – Тирана

Тобол – Ференцварош

Малме – Победник од претквалификациите

Балкани – Жалгирис

Хелсинки – РФС

Бодо/Глимт – Клаксвик

Њу сејнтс – Линфилд

Шамрок роверс – Хибернианс

Лех Познан – Карабах

ШКУПИ 1927 – Линколн ред импс

Зрињски – Шериф Тираспол

Слован Братислава – Динамо Батуми

Првите натпревари ќе се играат на 5/6 јули, реваншите се предвидени на 12/13 јули.

- Оглас -

Најнови вести