Еурофарм Пелистер со победа од 25-23 ја отвори новата сезона во ракометната Лига на шампиони.
Ова е јубилејна десетта победа за битолчани во ЛШ (имаат 45 меча).
Загреб не водеше во ниту еден момент во првите 30 минути, а највисоката предност на битолчани во првиот дел беа четири гола разлика. Сепак, на пауза се замина само со плус еден.
Хрватскиот тим добро го отвори вториот дел и со серија од 4-1 го презеде водството и потоа Е. Пелистер се врати и се играше без преголемо резултатско одлепување на едниот или на другиот тим, но постојано водеа домашните.
На крајот пелистерци пропуштија две шанси да го решат мечот и Хрватите го имаа последниот напад во којшто бараа реми. Не погодија, голманот Хеидаридад со гол стави точка.
Манасков со 8 и Кузмановски со 6 гола беа најефикасни во победничкиот тим, а Хеидаридад имаше 6 одбрани, сите во второто полувреме.
Следниот меч за македонскиот шампион е за осум дена, и тоа гостување кај ПСЖ во Париз.

