30.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Македонскиот репрезентативец ќе биде најскап фудбалер во историјата на фудбалот во Словенија

По одличната сезона која ја имаше во тимот на вараждин во Хрватска, Димитар Митровски е на чекор од трансфер во Словенија. Како што пренесува словенечкиот портал „Екипа“, Митровски е на мета на најпознатиот клуб во оваа земја, Олимпија од Љубљана.

Најавите се дека од Олимпија се подготвува еден милион евра за реализација на овој трансфер. Ако се реализира овој трансфер, Митровски ќе биде најскап фудбалер во историјата на фудбалската лига во Словенија.

Актуелниот рекорд за најскап трансфер го држи Блесинг Елеке, кој за 800.000 евра дојде во Олимпија од Горица во времето кога со клубот од Љубљана раководеше Милан Мандариќ.

Митровски во Вараждин одигра фантастична сезона и заслужено беше избран во најдобриот тим во лигата, а со тоа го сврте вниманието на поголем број на екипи, а Љубљана веројатно е неговата следна дестинација.

 

- Оглас -

Најнови вести