Добрите резултати кои ги бележи селекцијата на Косово во квалификациите за Европското првенство 2020 година, направија националниот тим на оваа земја да стане пожелна за многу фудбалери со потекло од некогашната српска автономна покраина.
Косово уште има шанса да се најде на Еуро 2020 преку квалификациите, а ако не успее на тој начин, ја има и Лигата на нации, каде во полуфиналето на Лига Д ќе игра со Македонија.
Сигурно нема да имаме наивен противник, Косово има тим кој даде три гола на гостување кај Англија, ја победи Чешка, па сега играчи на Волфсбург и Базел изразиле желба да играат за Косово. Со нив, Косово би имало уште посилен национален тим.
Станува збор за Елвис Реџбечај кој има 21 година и порасна во Германија, но роден е во Призрен и игра за Волфсбург, и 23-годишниот Кемал Адеми кој сезонава е во голема форма и има шест гола на седум меча во дресот на Базел.