Македонскиот кошаркарски тренер и актуелен селектор на репрезентацијата, Александар Јончевски, има нов ангажман на клупско ниво. Тој вечерва потпиша договор со косовскиот клуб Трепча од Косовска Митровица.
Трепча пред три дена се раздели со сега веќе екстренерот, Бугаринот Љубомир Минчев, а нов тренер им е Јончевски, кој се враќа во клупската кошарка точно по половина година откако минатата пролет го напушти Гостивар.
Ова не е прв меѓународен ангажман на Јончевски, тој во минатото го водеше и српскиот Спартак од Суботица.
Клупскиот ангажман во Трепча не е пречка за Јончевски да продолжи да ја врши селекторската функција во националниот тим на Македонија.