Македонскиот селектор во нервоза го пцуеше својот играч (Видео)

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Драган Бајиќ, уште еднаш го покажа својот нескротлив темперамент. Бајиќ кој освен што е селектор на Македонија е и тренер на Игокеа, вчера загуби на гостувањето кај Партизан со 83:70, во меч од 23. коло на АБА лигата.

На еден од тајмаутите, Бајиќ нервозно му се обрати на Алекс Раданов и во еден момент го опцу. „На кого ти му објаснуваш пи*ка ли ти материна и кошарката твоја. На кого веќе му објаснуваш!? Три топки загуби“, беше дел од нервозниот коментар на Бајиќ за време на тајмаутот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести