Виктор Петков ја мина целта во двете возења во велеслалом и својот дебитантски настап на Зимските олимписки игри го заврши на 55-то место. Виктор по првата трка беше 58-ми, па го подобри својот пласман за три места.
Вкупното време на Петков во двете трки беше за 23,37 секунди послабо од тоа на победникот Братен Пињеиро.
Златото го освои фантастичниот Бразилец, Лукас Братен Пињеиро, втор беше Марко Одермат, а трето Лоик Мејар.
Од македонските олимпијци, треба да се појави само уште Јана Атанасовска. Таа утре ќе се трка во велеслалом, а на 18-ти ќе настапи во слалом.

