Машката ракометна репрезентација на Македонија од денеска е целосно комплетна откако на тренинзите во Стара Пазова ѝ се приклучи и голманот и капитен Никола Митревски.
Со приклучувањето на Митревски и претходно на Филип Талески, селекторот Кирил Лазаров на располагање ги има сите 19-мина ракометари на кои смета за подготовките во пресрет на Европското првенство.
Најдобрите македонски ракометари на 29 декември ќе одиграат пријателски меч против Црна Гора, утредента се враќаат во Скопје, каде што на 4 и 5 јануари следуваат контроли со Грција.