Престон лајонс го победи Јужен Мелбурн со 2-0 во големото локално фудбалско дерби на националната лига на сојузната држава Викторија во Австралија.
Лавовите се клуб на Македонците од Мелбурн. Порано клубот се викаше Престон Македонија, па затоа фановите носат македонски знамиња и го скандираат името на нашата и нивна земја од која потекнуваат, а противник беше тим на грчката дијаспора, прекарот на Јужен Мелбурн е Хелас и клупските бои им се во сино-бело како грчкото знаме и нивни фанови се Грци од Австралија.
На трибините кои официјално собираат 6.500 луѓе, а има само 800 седишта, попладнево се собраа 9.036 фанови, многу повеќе домашни фанови Македонци кои бурно ги прославија головите кои паднаа во второто полувреме.
Резултатот го отвори Џан Албано во 57-мата минута со атрактивен гол од пенал изведен во стил Паненка, а потоа во 81-вата минута Албано му асистираше на гол-машината Лејтон Брукс, кој погоди за 2-0.
По мечот, прославата е бурна и уште трае, преку разгласот се пуштаат македонски навивачки песни.
Целиот меч може да го погледнете ТУКА.